ДЕМОГРАФИЈА

Според податоците на Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во селото Радожда имало 650 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Радожда имало 800 Македонци, од кои 480 под врховенството на Бугарската егзархија и 400 патријаршисти. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Радожда има 808 жители и претставува голема населба. Следува табела на националната структура на населението: